
Актуелниот првак Шкендија постигна договор со централниот дефанзивец Клисман Цаке кој доаѓа од редовите на Струга Трим Лум. Тој потпиша договор на три и пол години со раководството на Шкендија.
„Многу сум задоволен што сум дел од Шкендија. Во првенството на Македонија играм две и пол години и добро ја познавам екипата. Шкендија ја следам уште од играњето во Албанија, бидејќи Шкендија секоја година имаше добри настапи во европските натпреварувања, стигнувајќи неколку години по ред до плејофот. Мислам дека Шкендија го има најдобриот тим во лигата и многу сум среќен што сум дел од него. Шкендија како повеќекратен шампион на Македонија е атрактивен тим за многу фудбалери, а нормално и годинава има амбиции да ја освои шампионската титула. На навивачите и на клубот им ветувам дека ќе го дадам максимумот во дресот на Шкендија и се надевам дека заедно ќе славиме многу титули“, изјави Клисман Цаке.
Тој е четвртото засилување за Шкендија, по Ферхан Хасани, Михаил Маневски и Андре Менсалао.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal