Академија Пандев и оваа сезона е најпријатното изненадување во првенството, по десет одиграни кола го дели врвот на табелата со најтрофејниот македонски клуб Вардар. Во изминатото коло успеа да земе скалпот и на актуелниот првак Шкендија во Тетово, а стрелец на победничкиот гол беше Марио Маслаќ. Тој со удар со глава го совлада Захов во последните мигови од првото полувреме.
Одбраната на Академија Пандев е гранитна оваа сезона, а голем придонес за тоа има токму Марио Маслаќ, кој пристигна ова лето како големо засилување и тоа од градскиот ривал Беласица. Одличен е во воздушните дуели, командува со дефнзивниот ред заедно со Димов, а епилогот е само два примени гола на десет одиграни натпревари.
Маслаќ беше непробоен и во Тетово на дуелот со Шкендија, а покрај тоа и го постигна победничкиот погодок за Академија Пандев. Со играта дефинитивно заслужи да биде избран за најдобар играч на 10.коло во Првата фудбалска лига во изборот на МАКФУДБАЛ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













