Македонскиот прволигаш Тиквеш денеска ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната. Тренерот Влатко Костов и фудбалерите пред себе ќе имаат мисија за да обезбедат опстанок во елитата.
Тимот до 22.јануари ќе тренира во Кавадарци, а потоа ќе се пресели во турскиот туристички центар Анталија.
„Во моментот кога дојдов во клубот, Тиквеш беше последнопласиран, со ист број бодови како и Пелистер. Но, успеавме да им се одлепиме на Пелистер и на Борец, и да се надеваме на опстанок. Мојата желба и желбата на навивачите е клубот да опстане. Ќе биде тешко, но мора добро да се подготвиме. Оптимисти сме и се надеваме дека и догодина клубот ќе биде дел од Првата лига“, изјави тренерот Влатко Костов.
Од Тиквеш заминаа шест фудбалери, Јорданчо Наумоски, Симеон Христов, Дарко Тофилоски, Урош Мирковиќ, Мирза Идризовиќ и Да Силва Ндомбеле Фуртунато. Првото ново име е голманот Мартин Давков од Кит Го.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













