Антонио Касано, поранешниот италијански репрезентативец кој пред неколку дена се зарази со коронавирусот, итно e пренесен во болница во Џенова по настанатите компликации, потврди неговото семејство.
Касано, кој меѓу другите играше за Сампдорија, Рома и за Реал Мадрид, ги помина последните денови од 2021 година во изолација откако беше позитивен на Ковид-19, објасни неговата сопруга на социјалните мрежи.
На новогодишната ноќ состојбата на Касано драстично се влошила, па морал итно да биде хоспитализиран.
Како дете на Бари, Касано рано се пресели во Рома, со која го освои италијанскиот Суперкуп во 2001 година, пред да се пресели во Реал Мадрид во јануари 2006 година. По враќањето во Италија играше и за Сампдорија, Милан, Интер и за Парма, а кариерата ја заврши во 2017 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













