Францускиот прволигаш Лион се соочува со најмалку седум позитивни првотимци на Ковид-19 и големо прашање е во каков состав ќе ги пречека следните искушенија.
Паузата во француската Лига 1 трае до 9 јануари за кога е планирано дербито против ПСЖ, а францускиот тим првите пет дена од наредната година ќе ги помине на мини-подготовки во шпанска Мурсија.
Според „Л’Екип“, најлошо поминал Бразилецот Лукас Пакета, кој се заразил за време на семејниот одмор во Дубаи и моментно останува „заробен“ во ова летувалиште. Лион прави се за да му овозможи на Бразилецот да се приклучи на тимот за викендот во Мурсија.
Ново ПЦР – тестирање е планирано за утре, по што ќе биде познато дали има уште повеќе заразени првотимци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













