
Советниците на град Битола со едногласна одлука го променија името на стадионот. Името „Под Тумбе Кафе“ заминува во историјата, а отсега стадионот ќе го носи името на легендарниот македонски фудбалски голман Петар Милошевски.
Поранешниот македонски репрезентативец почина во 2014 година на 40-годишна возраст. Во кариерата го бранеше голот на Пелистер, Вардар, Трабзонспор, Малатијаспор, Себатспор и Еносис Паралимни, а запиша и 59 настапи за Македонија.
„Со вредностите, кариерата и своите човечки и спортски дела, нашиот Петар заслужува култниот стадион каде ги направи првите чекори да го носи неговот име. Како симбол на цела генерација која одбележа една ера во македонскиот фудбал, сметаме дека преименувањето на стадионот е само мал чекор како на младите да им порачаме да го следат неговиот развоен фудбалски пат. Иницијатива за именување на стадионот по нашиот Петар постои индивидуално, меѓу навивачите, по социјалните мрежи, но овојпат сакаме како ветерани и пријатели на Петар и неговото семејство да предложиме официјално преименување на стадионот во Битола“ , гласеше барањето на здружението на ветерани на клубот.
Иницијативата беше поднесена од ветераните на Пелистер, а Советот на град Битола едногласно ја прифати.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
