Агентот на Ерлинг Халанд, контроверзниот Мино Раиола објави дека Манчестер Сити, Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен се во конкуренција за доведување на неверојатниот Норвежанец.
„Тој наскоро ќе го направи следниот чекор во кариерата. Баерн, Реал, Барселона и Манчестер Сити се меѓу клубовите каде што може да оди“, изјави Раиола.
Сепак, Баерн Минхен наводно не е премногу заинтересиран за Халанд бидејќи комплетниот трансфер на 21-годишниот напаѓач ќе чини околу 300 милиони евра.
Германскиот весник „Билд“ наведува дека приоритет на баварскиот гигант е продолжување на соработката со Роберт Левандовски и ќе направат се за да го задржат Полјакот на „Алијанц арена“.
Првиот човек на клубот Оливер Кан претпочита нов договор за Лева отколку евентуално доведување на Халанд и наводно нема намера да се вклучи во борбата за Норвежанецот.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не сакаше да зборува за доаѓањето на норвешкиот напаѓач.
“Халанд? Следно прашање. Не ме прашувајте такви работи бидејќи нема да ви ги одговорам”, изјави кусо Пеп Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













