Манчестер Сити го победи ПСЖ со 2-1 во петтото коло од Лигата на шампионите. ПСЖ поведе од 50. минута со голот на Килијан Мбапе, а потоа Сити направи преку Рахим Стерлинг и Габриел Жесус.
Лионел Меси делуваше загубено на „Итихад“, статистиката вели дека имаше само 53 допири со топката, еден повеќе од неговата најслаба статистика во кариерата (52 допири) против Реал Сосиедад.
ПСЖ се смета за еден од најголемите фаворити за освојување на Лигата на шампионите, но многумина мислат дека не можат да стигнат до финалната битка. Тоа најмногу се однесува на неможноста да се одигра квалитетен пресинг, а предничи Лионел Меси за кого сите велат дека еноставно не се ангажира доволно.
Тоа го коментираше легендарниот холандски фудбалер Рафаел ван дер Варт.
„Тоа навистина ме растажува. Тоа е прашање на желба. Меси на теренот изгледа слаб ако не постигне гол или не асистира. Тој го одигра овој натпревар многу лошо. Кога ќе го видите Роналдо, тој се бори и сака да го подигне тимот на повисоко ниво. Меси шета на теренот и го прашувам „Дали не му е срам?“ Почнав да се нервирам поради тоа. Тој е играч кој никогаш повеќе нема да се роди“, рече Холанѓанецот во анализата на натпреварот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













