Пелистер е можеби лесен залак оваа сезона, се наоѓа на самото дно на прволигашката табела, но тимот на Шкупи во континуитет игра одлично и доминира на натпреварите. После Брегалница и Пелистер си замина со пет гола во мрежата од Чаир, а тоа значи дека Гоце Седлоски успеа да создаде вистинска машина за македонски услови.
Цветаноски е во репрезентативна форма, се надоврзаа и Маркоски, Ѓорѓиевски и Чеџмешиев за убедлив триумф. Шкупи има доминација, има карактер, игра напаѓачки, постигнува голови.
Гоце Седлоски овојпат беше на трибините, но секако го заслужува епитетот за МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на 14. коло. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













