Германскиот првак Баерн Минхен беше изненадувачки поразен синоа на гостувањето кај Аугсбург. Со овој пораз баварскиот тим и даде шанса на Борусија Дортмунд со евентуална денешна победа да се доближи само на бод.
Аугсбург уште во првото полувреме го изненади Баерн. Мадс Педерсен и Андре Хан погодија во 23. и 35. минута од натпреварот и ги разбудија своите навивачи. Роберт Левандовски го врати Баерн во игра во 38. минута на асистенција на Томас Милер, но Баерн не можеше повеќе од тоа.
„Секако дека сме разочарани. Мораме да победуваме вакви тимови, тоа е сигурно. Ние сме подобри од нив. Не бевме на ниво во првото полувреме, бевме неактивни и не бевме доволно храбри. Загрижен сум што не создадовме шанси. Сте виделе на претходните натпревари, обично постигнуваме пет гола против вакви противници и создаваме многу повеќе шанси“, изјави Мануел Нојер.
Томас Милер одигра историски меч за Баерн Минхен. Тој стана првиот играч на баварскиот клуб со 600 официјални настапи, ако не се работи за голман. Сепак, тоа не му беше важно по поразот.
„Првото полувреме беше многу лошо, навистина многу лошо. Во вториот дел можевме да видиме дека сакаме да постигнеме гол, но не успеавме да дојдеме. Можеби само ни недостасуваше среќа. Во секој случај, ова е сериозен удар за нас. Тоа е посебен удар за самодовербата со која сакаме да влеземе на секој натпревар“, изјави Томас Милер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













