Connect with us

Канатларовски: Франција е апсолутен фаворит, но ние со нетрпение го очекуваме утрешниот дуел

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на тренинг центарот „Петар Милошевски” го одработи последниот официјален тренинг пред утрешниот меч против моќната селекција на Франција во рамките на шестото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 во Романија и Грузија.
Селекторот на младиот национален тим, Драги Канатларовски со нетрпение го очекува утрешниот натпревар, вели дека сите негови фудбалери се максимално подготвени за дуелот со „триколорите“.


„Франција е апсолутен фаворит во оваа група, силна репрезентација која располага со голем фонд на играчи кои имаат голем потенцијал и настапуваат во најсилните лиги низ Европа. Првиот натпревар против нив таму го загубивме убедливо со 3-0, но на претходните четири натпревари успеавме да останеме непоразени. Се надеваме дека серијата без пораз ќе ја продолжиме и против Франција. Играме на домашен терен, пред домашна публика, сите со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Момците имаат голема желба, подготвени сме и физички и психички за голема борба во сите 90. минути. Одработивме одлични подготовки, напредуваме од меч во меч, а тоа се виде и на дуелот со незгодната селекција на Украина. Оваа репрезентација е подготвена да се надигрува и натпреварува со секоја селекција“, изјави Канатларовски.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски, во досегашниот тек од квалификациите имаат забележано една победа, три нерешени средби и еден пораз.

Утрешниот меч е закажан на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 18.30 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови