Фудбалската репрезентација на Шпанија успеа ја совлада Шведска со 1-0 и обезбеди директен пласман Светското првенство во Катар. Селекторот на „црвената фурија“, Луис Енрике, вели дека многу му олеснало по клучниот триумф.
„Се мачевме во овие квалификации, а на крајот дојде и овој решавачки меч со Шведска. Не беше лесно, а токму таков натпревар и очекувавме бидејќи Шведска има многу сериозен тим. Добро се бранат, не оставаат многу слободен простор за игра. Но, ние ја заслуживме победата и горд сум на сите играчи. Сега кога се пласиравме на мундијалот, како планина да ми падна од рамената“, изјави Луис Енрике.
Шпанија го освои првото место во групата Б со 19 бода, а Шведска е второпласирана со 15 и ќе биде дел од баражот заедно со Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













