Данскиот репрезентативец Каспер Долберг откри дека боледува дијабетес тип 1 и поради тоа нема да биде во селекцијата за натпреварите со Фарски Острови и со Шкотска на крајот од квалификациите за СП во Катар. Напаѓалот на Ница изјави дека не се чувствувал добро одреден период, а деталните прегледи покажале дека боледува од дијабетес.
„Утрово ги добив резултатите од медицинските тестови и се покажа дека имам дијабетес тип 1. Изненадувачки е, но искрено ми олесна што конечно дознав зошто се чувствувам лошо во последните две недели. Решив со селекторот Каспер Хулманд овојпат да не играм за репрезентацијата. Лекарите ми потврдија дека со соодветен третман тоа не треба негативно да влијае на мојата кариера“, објави фудбалерот.
Дијабетесот тип 1 е хронична болест и бара доживотен третман со инсулин, но не пречи на спортската активност.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













