Последнопласираниот тим во Премиер – лигата, Норич, го отпушти менаџерот Даниел Фарке и покрај првата победа на тимот оваа сезона. Нориќ го победи Брентфорд како гостин со 1-2.
Германецот Фарке го предводеше Норич од мај 2017 година, а во тој период двапати влезе во друштвото на најдобрите со „канаринците“ (2019, 2021 година), но во Премиер – лигата тимот немаше успех.
„Ја донесовме оваа одлука во обид да го направиме најдоброто за нашиот клуб, иако тоа не беше лесно. Знаеме колку посветено Даниел и неговиот персонал работеа за да бидат успешни на ова ниво, но чувствуваме дека сега е најдобро време нешто да промениме, да го задржиме прволигашкиот статус“, објави спортскиот директор на Норич, Стјуарт Вебер.
Норич е четвртиот клуб од Премиер – лигата кој го менува менаџерот оваа сезона, по Вотфорд, Њукасл и Тотенхем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













