Пелистер нема победа и по 12 кола во македонскиот шампионат. Битолскиот прволигаш остана без шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски кој си поднесе оставка, а во клубот се случува вистински раскол, и тоа во пресрет на локалните избори за градоначалник на градот на конзулите.
Поранешниот претседател Пеце Стојчевски го продаде клубот на компанијата „Спорт Бит“, а спортскиот директор Пеце Коруновски стана нов претседател на Пелистер. Во предизборието, „пелистерци“ многу повеќе се занимаваа со политика и предизборна кампања, а јавно го поддржаа Христо Кондовски, еден од спонзорите на клубот, за нов битолски градоначалник. За да се „подмачка“ работата, навивачката група Чкембари доби и дел од акциите на клубот.
Сепак, јасно е дека во Пелистер многу работи не функционираат, не само на теренот при настапите во Првата лига, туку и при исплатата на платите, клупската организација, преземањето одговорност за тоа што клубот е на самото дно на табелата.
Да потсетиме, Пелистер едвај и стартуваше со подготовки само неколку дена пред почетокот на шампионатот, а тимот се конструираше во последните мигови од преодниот рок, и тоа со фудбалери кои дотогаш немаа потпишано за ниеден клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













