
Зинедин Зидан ја отвора вратата за можноста да седне на тренерското столче на Пари Сен Жермен, иако долго време одбивал да отпочне преговори со клубот. Претходно, поранешниот тренер на Реал Мадрид, не сакаше да слушне за неколкуте понуди од страна на ПСЖ. Сепак, сега француските медиуми тврдат дека тој сериозно би размислил за прифаќање на оваа функција.
Иако неговата прва опција би била да ја преземе репрезентацијата на Франција, Дидие Дешамп ќе остане предводник на „сините“ барем до Светското првенство следната година, но и нема гаранции дека токму Зидан ќе биде тој што ќе го наследи.
Раководството на парижаните долго време беше во контакт со агентот на “Зизу”. Но, и покрај тоа што позицијата на Маурисио Покетино во главниот град засега изгледа безбедна, доведувањето на Зидан на кормилото на ПСЖ делува како многу реална опција во блиска иднина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal