Милан игра одлично и со 25 бода се наоѓа на врвот на Серија А заедно со Наполи. Сепак, тренерот Стефано Пиоли не дозволува еуфорија. На оние кои зборуваат за „скудетото“, Пиоли смирено им одговoри.
„Рано е, девет кола не се ништо. Навивачите треба да бидат горди и среќни со тимот, но сега да размислуваме само за утре, а потоа ќе размислуваме за следниот натпревар. Само така можеме да останеме во трката. Верувам дека шампионатот ќе го освои оној што нема да загуби бодови на „малите“ натпревари. Олииве и Златан не се на 100%, во последно време само играат и малку тренираат, ќе мора да почекаме да фатат континуитет“, изјави Пиоли во пресрет на следното искушение.
Милан вечерва го пречекува Торино во дуел од десеттото коло во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













