Шкупи и Ренова денеска (14 часот) ќе имаат жестока пресметка на Чаир, на отворањето на 11. коло во Првата фудбалска лига. Лидерот на табелата го пречекува второпласираниот тим на домашен терен, тоа дефинитивно е дерби на колото во македонскиот шампионат.
Шкупи по триумфот над Тиквеш (1-0) во Купот на Македонија, е подготвен за новиот предизвик. Тоа го потенцира и капитенот на тимот од Чаир, Фатих Исмаили.
„Ја пречекуваме Ренова на Чаир во многу важен натпревар. Подготвени сме да ги реализираме сите задачи што ќе ги зададе нашиот тренер Гоце Седлоски. Не сакам да потсетувам дека нашата цел се трите бода, бидејќи тоа е веќе познато, Шкупи се бори за титула оваа сезона. Се надевам дека и навивачите ќе дојдат и ќе не бодрат во голем број“, изјави Фатих Исмаили, пред мечот со Ренова.
Шкупи се наоѓа на врвот на табелата и има два бода предност пред второпласираната Ренова.
„Гипсарите“ доаѓаат малку „раздрмани“ по убедливиот пораз (5-0) од Шкендија во Купот на Македонија. Но, тренерот Ќатип Османи е уверен дека тимот ќе одговори на вистински начин.
„Ова е нов натпревар, фудбалерите се максимално мотивирани да прикажат добра игра и верувам дека не очекува еден интересен дерби натпревар на Чаир“, вели Османи.
Останатите натпревари од 11.коло ќе се одиграат утре, со почеток во 14 часот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski