Како и предводникот на Вардар, така и тој на Тетекс, Славчо Георгиевски, очекува триумф на ова големо дебри во македонсиот фудбал. Почитта помеѓу двата клуба ја истакнаа и двајцата тренери, но по изгубените бодови против Кораб, Георгиевски се надева на цели три бода во сабота.
“Следи дерби на два македонски великани, штета што е во Втората лига. Ние од натпревар во натпревар одиме да победуваме и да бидеме горе на табелата. Минатиот меч не ни дозволија да победиме, судиите ни ја одземаа победата. За дуелот со Вардар очекувањата се исти, сакаме резултат.
“Натпревар против најтрофејниот колектив е предизвик за сите. Го респектираме ривалот, но и ние ќе се бориме за резултат на овој натпревар. Сакаме бодовите да останат во Тетово. Сигурен сум дека следи интересен натпревар, на кој нашите навивачи “Војводи” и гостинските “Комити” сигурно ќе направат убава атмосфера”, рече Георгиевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













