Аријан Адеми се врати повреден на Максимир откако играше за репрезентацијата на Македонија за време на септемвриската репрезентативна пауза. Имено, во 22. минута од натпреварот со Германија, германскиот репрезентативец Каи Хаверц му падна на нога, при тоа, повредувајќи го нашиот фудбалер.
Во Динамо го чекаа неговото враќање за да видат колку е сериозна повредата. Иако боли многу, не изгледа премногу сериозно, но повеќе детали ќе се знаат по новите прегледи. Сигурно е дека нема да биде таму за саботното дерби на „Рујевица“ со Риека, што е голем хендикеп за “сините” бидејќи се знае колку е важен Адеми како играч на тимот на тренерот Дамир Крзнар.
Од Хрватска, уверуваат дека секој ден ќе направат се во нивна моќ за Адеми да се појави на важниот натпревар помеѓу Динамо и Рапид во Виена, во третото коло на Лига Европа. Но, доколку добие зелно светло за враќање на терените, сигурно ќе ја загуби формата бидејќи тешко дека дотогаш ќе може да тренира посериозно.
30-годишниот фудбалер од средниот ред навистина нема среќа со повредите, бидејќи тукушто се врати по долго време надвор од терените, пристигна нова повреда.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski