Македонската репрезентација до 17 години ги заврши настапите на квалификацискиот турнир во Ирска.
Денеска ја совладавме селекцијата на Андора со 6:0 и со четири бодови ги завршивме натпреварите во група со Полска, Р. Ирска и Андора. Официјално сме третопласирани на табелата, зад Полска, односно Ирска кои денеска одиграа 2:2.
Првите две репрезентации одат директно во следната елитна фаза од квалификациите, додека пак ние како трети ќе мора да го почекаме расплетот на останатите групи за да биде во целост комплетиран првиот квалификациски круг.
Најдобрите четири третопласирани селекции, одат во следната фаза, а засега ние сме на второто место зад БИХ.
Македонската репрезентација до 17 години целосно доминираше на мечот против Андора. Назифи постигна три погодоци, Стојанов на два пати стрелаше прецизно, а погоди и Ѓоргиевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













