Англискиот премиерлигаш Њукасл доби нови сопственици минатата недела, и тоа не било кој туку еден од најбогатите луѓе во светот. Станува збор за саудискиот принц Мохамед бин Салман, кој е на чело на конзорциумот што го презеде клубот. Како за споредба, неговото богатство е повеќе од десетпати поголемо од богатството што го имаат сопствениците на Манчестер Сити.
Во зимскиот преоден рок веќе се очекуваат големи засилувања во Њукасл, а англиските медиуми тврдат дека првото е веќе пронајдено. Одличниот сенегалски стопер Калиду Кулибали од Наполи треба да пристигне во тимот.
Овој фудбалер долго беше цел на Манчестер Сити и на Манчестер Јунајтед, се поврзуваше со сите најголеми клубови во светот, но ниту еден од нив не успеа да го земе од Наполи. Кулибали, пак, заработи уште една сериозна повреда, па неговата цена малку падна, па затоа треба да пристигне во Њукасл на зима и да биде првото големо засилување за новите сопственици.
Кутињо, Мауро Икарди, Единсон Кавани, Кејлор Навас и многу други, исто така, се поврзуваат со Њукасл. Тимот треба да добие нов тренер, а Антонио Конте, Ралф Рангник и Френк Лампард се споменуваат како најсериозни кандидати за замена на Стив Брус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













