
Македонија оствари убедлива победа (0-4) над Лихтенштајн во Вадуц, во квалификациите за СП 2022 во Катар. Тоа беше прв триумф за новиот селектор Благоја Милевски на кормилото на А-тимот, кој доби уште две нови освежувања.
Фудбалерот за врска Ердал Ракип и напаѓачот Бојан Миовски ги одиграа првите минути за А-репрезентацијата на Македонија на мечот против Лихтенштајн. Ракип е фудбалер на Малме кој доби право на настап и веднаш доби повик од селекторот Милевски. Треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред на националниот тим.

Бојан Миовски беше повикан и во септемвриската сесија, но не доби минутажа. Имаше проблеми и со коронавирусот, но сега е максимално подготвен и настапи во второто полувреме. Имаше и две одлични шанси, но не успеа да го зачини дебито и со прв погодок во дресот на Македонија. Можеби, веќе против Германија…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
