
Антонио Рудигер, би можел наскоро да го напушти Челси бесплатно, а како една од неговите следни дестинации се спомнува Реал Мадрид. Дефанзивецот на „сините“ привлече големо внимание од другите клубови низ Европа, поради гласините за неговата ситуација во договорот.
Неговиот сегашен договор треба да истече следното лето, што значи дека тој би можел да го напушти клубот како слободен агент по пет години поминати во западен Лондон.
Реал Мадрид му нуди на Рудигер плата од околу 8 милиони евра годишно, понуда што е повисока за два милиони евра во споредба со неговите сегашни 6 милиони евра во Челси. Се верува дека европските шампиони се заинтересирани да го продолжат неговиот тековен договор во клубот, но наводно, барањата на Германецот се преголеми.
Ситуацијата на Рудигер предизвикува интерес и кај Баерн Минхен и Јувентус, што значи дека би можело да има вистинска битка за неговиот потпис доколку не остане во Премиер – лигата и следното лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
