Connect with us

Проблеми за Роберто Манчини со повредите на „аѕурите“

Селекторот на европскиот првак Италија, Роберто Манчини, се соочува со проблеми пред натпреварот против Шпанија откако и трет фудбалер пријави повреда.


Матео Песина од Аталанта не може да се стави на располагање на „аѕурите“, а на негово место повикан е Федерико Димарко од Интер.


Ова е трета принудна промена во селекцијата на „аѕурите“ откако Манчини претходно мораше да го повика Моисе Кин на местото на Чиро Имобиле, како и Давиде Калабрија од Милан на местото на Рафаел Толои.


Италија ќе игра против Шпанија во полуфиналето на Ф4 турнирот на Лигата на нации. Во второто полуфинале ќе се сретнат Франција и Белгија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови