Поранешниот англиски фудбалер Тери Бучер смета дека играта со глава треба да се исфрли од фудбалот. Дуелите во воздух кои честопати можат да предизвикаат сериозни повреди при судир со глава, би се намалиле, со што ќе се заштити здравјето на фудбалерите по завршувањето на кариерата.
„Играта со глава е она на што сме навикнати на Островот поради начинот на кој игравме. Но, мислам дека тоа е нешто без кое фудбалот сега може да преживее. Тоа значително ќе ја намали траумата на мозокот, а таквата траума може да биде катастрофална за фудбалерите во иднина“, вели Тери Бучер.
“Острите стартови се намалија во споредба со моето време, бидејќи никој не сака да ризикува да добие црвен картон. Играта лесно може да се прилагоди без глава. Верувам дека навивачите сакаат да гледаат добар фудбал”, рече Бучер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













