Connect with us

ЛЕ: Динамо Загреб убедлив против Генк, Црвена Звезда ја покори Бугарија (ВИДЕО)

Хрватскиот првак Динамо Загреб оствари фантастичен триумф (0-3) на гости против Генк во кој учествуваа и двајцата македонски репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Капитенот на „модрите“ беше повлечен во 64.минута, а Ристовски го одигра целиот натпревар.

Лука Иванушец го отвори резултатот во десеттата минута, а потоа Бруно Петковиќ двапати реализираше од белата точка.

Српскиот шампион Црвена Звезда и без четворица значајни првотимци кои беа позитивни на коронавирус, славеше (0-1) на гости против Лудогорец во Бугарија. Гејлор Канга во 64.минута го постигна победничкиот гол за „црвено-белите“.

Баер Леверкузен го декласира Селтик во Шкотска со 0-4, а Вест Хем беше подобар од Рапид Виена (2-0). Бетис како гостин го совлада Ференцварош со 1-3.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови