Менаџерот на Челси, Томас Тухел, не е задоволен од играта на неговиот тим во поразот од Јувентус (1-0) во второто коло од Лигата на шампионите. Особено беше разочаран од реакцијата при голот на Киеза на самиот почеток на второто полувреме.
„Невозможно е да примиме таков евтин гол на ова ниво во првите секунди од второто полувреме. Моравме да имаме подобра реакција и да се одбраниме. Од друга страна, не бевме доволно опасни. Имавме посед, можевме повеќе да го повредиме Јувентус, имаше простор за тоа. Освоивме неколку топки високо во полето на Јувентус, но имавме и две катастрофални грешки кога ја загубивме топката и можевме да бидеме повторно казнети. Изгледавме како да сме бавни и уморни, ментално бавни, имавме проблеми при донесувањето одлуки“, анализира Тухел.
Јувентус со шест бода се наоѓа на врвот на табелата во групата Х, додека Челси и Зенит имаат по три. Малме е без бодови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal