Милан на брутален начин загуби од Атлетико Мадрид (1-2) на камбекот во Лигата на шампионите, а тренерот Стефано Пиоли упати критики за судијата Чакир. Тој го исклучи Франк Кеси по само половина час игра на „Сан Сиро“, а во судиското продолжение досуди пенал за шпанскиот тим по кој Луис Суарез донесе победа за гостите.
„Мислам дека главниот судија на натпреварот немаше најдобра ноќ. Ова секако делува разочарувачки на нас. Ниту имаше пенал, ниту пак црвен картон. Секоја ситуација судијата ја протолкува во корист на ривалот. Ние и покрај тоа се боревме, издржавме еден час со играч помалку, можевме да победиме дури и со десетмина. Но, јасно е дека ова ни одзема многу сила, не исцрпе и психички и физички“, изјави Пиоли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













