
Германскиот првак Баерн Минхен лесно излезе на крај на гости со Гројтер Фурт и славеше со 1-3 иако речиси цело полувреме играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Бенјамин Павар. Но, тимот на Џулијан Нагелсман секако има капацитет тоа рутински да го разреши.
Томас Милер во десеттата минута донесе предност за баварскиот клуб, а Џошуа Кимих со шут од дваесетина метри зголеми на 0-2 во 31.минута.
Грисбек во 68.минута си постигна автогол за уште поубедлива предност на Баерн, а почесниот погодок за Гројтер Фурт беше дело на Седрик Итен во 88.минута.
Баерн Минхен се наоѓа на лидерската позиција на табелата во Бундес – лигата со 16 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
