Навивачот кој физички го нападна Димитри Паје при инцидентот на мечот меѓу Ница и Олимпик Марсеј, кој беше прекинат, заработи шестмесечна затворска казна. Судот на 30. септември и официјално ќе ја објави оваа одлука по што ќе треба да биде спроведена.
Ова е разрешница на судскиот случај кој го отвори обвинителството по службена должност откако се случи хаос на натпреварот во Ница.
Димитри Паје се доближи да изведе корнер блиску до трибината со најжестоките навивачи на Ница, беше погоден со пластично шише, а тој возврати и го фрли на трибините. Во тој момент, поголем број фанови влетаа на теренот, настана вистински хаос, е еден од нив и физички го нападна Паје. За тоа сега ќе мора да отслужи затворска казна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













