
Рома на Жозе Мурињо е страшен тим, го почувствува тоа ЦСКА Софија на „Олимпико“, на отворањето на групната фаза од Конференциската лига на УЕФА. Римскиот состав славеше со 5-1 и тоа откако ЦСКА поведе со голот на Грем Кери во десеттата минута.
Сепак, Лоренцо Пелегрини и Стефан Ел Шарави направија пресврт до крајот на првиот дел. Во второто полувреме стрелаа и Мансини и Абрахам, а Лоренцо Пелегрини уште еднаш ја погоди мрежата на бугарскиот тим.
Партизан го совлада Анортозис на Кипар со 0-2. Квинси Мениг и Рикардо Гомеш погодија за „црно-белите“.
Бодо го совлада украинскиот тим Зорја со 3-1, а Јаблонец беше подобар од Клуж (1-0).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
