Карим Бензема е убеден дека Килијан Мбапе еден ден сепак ќе го носи дресот на Реал Мадрид иако во изминатиот летен преоден рок не се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Шпанскиот клуб даде неколку понуди, последната од фантастични 220 милиони евра, но ПСЖ сепак не сакаше да го продаде.
„Тој е играч кој еден ден сигурно ќе игра за Реал Мадрид. Ние се „читаме“ многу добро на теренот и би сакал Мбапе да биде мој соиграч во Мадрид”, изјави Бензема по ремито на Франција на дуелот против БиХ.
Французите на утрешниот меч со Украина ќе останат без помошта на Килијан Мбапе кој се повреди на претходниот натпревар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













