Младиот фудбалер за врска и шпански репрезентативец Педри се согласил да потпише нов петгодишен договор со Барселона. Младата ѕвезда блесна минатата сезона во дресот на каталонскиот гигант и метеорски се вивна во европските фудбалски височини.
Раководството на Барселона по никоја цена не сака да го испушти одличниот млад фудбалер и му понуди нов долгорочен договор.
Откако одигра дури 73 натпревари минатата сезона за клубот и за репрезентацијата на Шпанија, а беше дел и од селекцијата која играше на Олимписките игри, Педри замина на заслужен седумдневен одмор. Откако ќе се врати на „Камп Ноу“ се очекува официјално да го потпише договорот и да биде промовиран на прес – конференција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













