Бразилскиот интернационалец Вилијан е на излезна врата од Арсенал. Тој не ја оправда довербата откако минатата сезона од Челси дојде на „Емирати“ и е на чекор до враќање во Бразил. Крилниот играч е во преговори со Коринтијанс.
Арсенал нема ништо против Вилијан да замине, со оглед дека не се наметна кај Микел Артета, а раководството на клубот ги подготвува финансиските книги за проверка пред УЕФА. Вилијан имаше огромна плата во Арсенал, па неговото заминување значително ќе го олесни клупскиот буџет.
Арсенал има очаен старт на Премиер – лигата, забележа два порази, а во третото коло му гостува на актуелниот шампион Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













