Connect with us

Хамес Родригез се враќа во Порто?

Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез речиси сигурно ќе го напушти Евертон до крајот на преодниот рок. Тој не се чувствува удобно на „Гудисон парк“ по заминувањето на Карло Анчелоти од клупата и нема некој посебно добар однос со новиот менаџер Рафаел Бенитез.


Раководството на тимот од Ливерпул е подготвено да го продаде. Хамес се поврзуваше со можен трансфер во Атлетико Мадрид, но нема ништо од приклучувањето кон шпанскиот шампион.
Искусниот 30-годишен играч од средниот ред на крајот би можел да се смести во тимот што го крена во височините, португалскиот гигант Порто.

За Хамес, Порто беше првиот европски предизвик. Тој пристигна во Португалија во 2010 година и помина три сезони во овој клуб. Одигра одлично во дресот на Порто, постигна 32 гола на 107 настапи, а во 2014 година замина во Монако за 45 милиони евра. Потпа играше за Реал Мадрид и за Баерн Минхен, а минатото лето дојде на Гудисон парк. Одигра добра сезона во Премиер – лигата и постигна шест гола на 23 настапи. Сепак, тој повеќе не сака да остане во Англија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови