Реал Мадрид имаше успешен старт на новата сезона во Ла Лига. „Кралевите“ славеа со 1-4 на гости кај Алавес, а тимот на Карло Анчелоти одигра одлично во второто полувреме. Карим Бензема беше двоен стрелец и најзаслужен за победата на гостите.

Првиот дел беше здодевен и без голови, но затоа фудбалерите на двете екипи надоместија во второто полувреме. Бензема го отвори резултатот во 48.минута на асистенција на Азар, а Начо зголеми а 0-2 во 56.минута. Бензема со својот втор погодок ги разреши дилемите во 62.минута иако само три минути подоцна Хоселу намали од пенал.
Конечниот епилог го постави Винисиус Жуниор во судиското продолжение од мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













