Барселона објави дека официјално ги регистрирала Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Реј Манај за настап во Ла Лига.
Каталонскиот клуб истакна дека ова стана возможно благодарение на дефанзивецот Жерар Пике кој се согласи на значително намалување на платата.
Барса, исто така, ги продолжува преговорите со Серхи Бускетс и Жорди Алба, со цел да ги усогласи платите на моменталната ситуација во клубот. Двајцата играчи се подготвени за соработка.
Така, Депај, Гарсија и Манај ќе можат да играат за Барса веќе во првото коло од Ла Лига со Реал Сосиедад утревечер од 20 часот.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













