
Англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити ќе ја започне новата сезона во Премиер – лигата овој викенд викендов без англискиот репрезентативец Фил Фоден поради повреда на стапалото.
Поради таа повреда, Фоден го пропушти финалето на ЕВРО против Италија пред еден месец, како и целосните подготовки за новата сезона.
„Мислам дека ќе ми требаат уште три до четири недели за целосно да се опоравам“, изјави Фоден.
Доколку се покаже како точна проценката на Фоден, тој ќе ги пропушти сите натпревари до репрезентативната пауза на почетокот на септември, односно натпреварите против Тотенхем, Норвич Сити и Арсенал.
Неговиот прв настап во англискиот шампионат може да биде на 11 септември против Лестер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
