
Сите погледи на светската фудбалската јавност се вперени кон денешната пладневна прес – конференција на ѕвездата на Барселона, Лионел Меси. Првично беше објавено дека Меси, како и Серхио Рамос пред неполни два месеци, самиот ќе се обрати до јавноста, но „АС“ открива дека на конференцијата ќе биде присутен и неговиот поранешен соиграч Чави Хернандез.
Меси и Чави играа заедно 11 години за Барселона и за тоа време освоија три трофеи во Лигата на шампионите и многу други пехари. Тоа веднаш асоцира и на друг момент, дека можеби Меси ќе замине во Ал Сад кај Чави, а потоа во зимскиот преоден рок би се вратил во Барселона, откако клубот ќе продаде поголем дел од фудбалерите и ќе ослободи место во буџетот за новиот договор на аргентинската ѕвезда.
Шокантната вест за заминувањето на Меси од Барселона одекна во четвртокот вечерта, а еден ден подоцна беше потврдена на прес -конференција организирана од претседателот на клубот, Хоан Лапорта.
ПСЖ се споменува како нов клуб на Меси, а се треба да се официјализира во вторник кога тој ќе биде претставен пред Ајфеловата кула во Париз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
