Трагични вести доаѓаат од Португалија поврзани со поранешниот капитен на германската репрезентација Михаел Балак (44). Неговиот 18-годишен син Емилио загина во сообраќајна несреќа со четирицикл.
Како што информира португалската телевизија „ТВИ 24“, несреќата се случила ноќта од среда кон четврток околу 2:10 часот наутро во Троја, јужно од Лисабон.

Емилио е еден од тројцата синови што Михаел Балак ги има со поранешната сопруга Симоне. Луис има 19 години, а Жорди има 16 години.
Семејството на Балак има вила во португалското туристичко место. Многу познати личности имаат вили во Троја, вклучувајќи го и тренерот на Рома, Жозе Мурињо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













