Бразилскиот голман Алисон Бекер ја продолжи соработката со Ливерпул до 2027 година. Тој потпиша шестгодишен договор и уште долго ќе остане на „Енфилд Роуд“.
Алисон Бекер, еден од најдобрите чувари на мрежата во светот, дојде во англискиот премиерлигаш во 2018 година од Рома за 72,5 милиони евра.
„Не размислував долго за продолжувањето на соработката. Во последните три години, изградивме меѓусебна довербата со клубот и среќен сум тука, ова е едно големо семејство“, изјави Алисон.
Тој со „црвените“ ја освои престижната Лига на шампиони (2018/2019), англиското првенство (2019/20) и Светското клупско првенство (2019), за што ја освои и наградата „Лав Јашин“ од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за најдобар голман за 2019 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal