Италијанскиот калчолигаш Милан е најактивен на трансфер пазарот во Серија А. Паоло Малдини се обидува да формира респектабилен состав за камбек во Лигата на шампионите, а „росонерите“ разгледуваат неколку опции за засилување на средниот ред по заминувањето на Хакан Чалханоглу во Интер.
Иско беше разгледуван како опција, но има преголема плата, Арон Рамзи би можел да дојде од Јувентус на едногодишна позајмица, а и Хамес Родригез е понуден на „Сан Сиро“.
Шпанските медиуми откриваат дека Паоло Малдини се распрашувал во Реал Мадрид и за можноста за ангажман на Дани Себалјос. Тој се врати во Мадрид по позајмицата во Арсенал, но неизвесно е дали Карло Анчелоти ќе го задржи на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал Мадрид не би имал ништо против да го продаде Себалјос, а сумата е околу 40 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













