Connect with us

Фабињо потпиша договор со Ливерпул до 2026 година

Бразилецот Фабињо го продолжи договорот со Ливерпул за уште три сезони. Тој потпиша договор до јуни 2026 година.


„Последните три сезони научив многу од тренерите и соиграчите и навистина сум среќен што потпишав нов договор“, изјави Фабињо.

Тој пристигна во Ливерпул од Монако во 2018 година во трансфер вреден 45 милиони евра и е стандарден првотимец, а, покрај средниот ред, тој добро се снаоѓа и како стопер. Раководството на Ливерпул работи и на продолжување на договорите со Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк, Алисон Бекер и Енди Робертсон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови