Connect with us

Шпанците ќе го предизвикаат Бразил во финалето на олимпискиот турнир

Олимписката фудбалска репрезентација на Шпанија е вториот финалист на олимпискиот турнир. „Црвената фурија“ ќе го предизвика бранителот на титулата Бразил во големото финале.

Шпанија во полуфиналната пресметка славеше со 1-0 против домаќинот Јапонија дури по продолженија, а стрелец на победничкиот гол беше Марко Асенсио во 115.минута од дуелот.

Јапонија и Мексико ќе се сретнат во битката за третото место и бронзениот медал на ЛОИ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови