Интер повторно го пречека Кристијан Ериксен во Миламо. 29-годишниот играч за врска од Данска денеска се врати на „Џузепе Меаца“. Тој ќе има разговори со раководството на на клубот, а потоа ќе замине во посета на базата „Апијано Џeнтиле“ за да ги поздрави соиграчите, како и да има лична средба со новиот тренер Симоне Инзаги, кој ја презеде функцијата од Антонио Конте.
Покрај тоа, Ериксен ќе ги повтори сите тестови на срцето што веќе ги имаше направено во Копенхаген по срцевиот застој на теренот за време на натпреварот Данска – Финска од Европското првенство.
Тој не смее да игра во Италија, се додека не му го остранат дефибрилаторот, кој му беше вграден на операцијата на 17 јуни. Дури тоа и да се случи, неговото враќање ќе може да се случи после седум месеци.
ФИФА гарантира покривање на платата од 7,5 милиони евра за максимални 365 дена неактивност. Интер воспостави полиса за осигурување на вредноста на лиценцата на играчот, која речиси целосно ги покрива приближно 18 милиони евра кои Данецот треба да ги заработи до крајот на договорот. Но, сите посакуваат Кристијан Ериксен што е можно побрзо да се врати на фудбалските терени.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













