
„Војната“ меѓу Тотенхем и капитенот Хари Кејн се разгорува. Напаѓачот денеска и втор ден по ред не се појави на тренингот, а Тотенхем не сака ни да слушне тој да замине од Лондон за сума помала од 160 милиони фунти.
Хари Кејн најави дека ќе ги бојкотира тренинзите се додека Тотенхем не му дозволи да замине, но претседателот Даниел Леви не попушта и инсистира неговата отштета да биде превисоки 160 милиони фунти. Тоа е за околу 40 милиони фунти повеќе од крајната сума што би ја платил англискиот првак Манчестер Сити за одличниот напаѓач.
Дополнително, Тотенхем жестоко ќе го казни Кејн за бојкотот, а секој нареден ден казната ќе биде се повисока. Сепак, последната информација е дека Хари Кејн е во задолжителен карантин откако летниот одмор го помина на Карибите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski