
Шпанскиот првак Атлетико Мадрид сака да го задржи уругвајскиот интернационалец Луис Суарез до 2023 година. Раководството на клубот подготви нов договор кој набрзо ќе биде испратен кај агентите на одличниот напаѓач.
Уругваецот се пресели во Атлетико од Барселона во септември 2020 година, откако тој стана прекуброен за тренерот Роналд Куман и му помогна на Диего Симеоне да ја освои шампионската титула.
Актуелниот договор на Луис Суарез со Атлетико Мадрид има важност до јуни 2022 година. Минатата сезона, тој одигра 36 натпревари во сите натпреварувања за Атлетико Мадрид, постигна 21 гол и имаше десет асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ќе мора на нова операција на грбот?

Прва лига
Арбин Зејнулаи се врати во Шкендија
