Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски најверојатно нема да ја продолжи кариерата во Ал Ахли. Клубот од Саудиска Арабија ги прекинал преговорите поради високите финансиски барања на агентите на Алиоски.
Иако трансферот беше речиси договорен и беше најавено доаѓањето на Алиоски, сепак, неколку дена потоа не се случи претставување на левиот бек и стана јасно дека преговорите се прекинати. Наводно, Алиоски побарал уште повеќе пари за склучување на договор и раководството на Ал Ахли се откажало од неговиот ангажман.
„Преговорите со Алиоски се прекинати и тој нема да биде фудбалер на Ал Ахли. Фудбалерот има превисоки финансиски барања“, објави Ал Ахли.
На сличен начин и Галатасарај се откажа од Алиоски. Тренерот Фатих Терим јавно истакна дека тој лично ги прекинал преговорите затоа што фудбалерот ги преценил своите финансиски барања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













