Connect with us

Тухел го сака Преснел Кимпембе на „Стемфорд бриџ“

Европскиот првак Челси сака да ја засили одбраната со дефанзивецот на ПСЖ, Преснел Кимпембе. Менаџерот Томас Тухел сака да ја искористи ситуацијата по доаѓањето на Серхио Рамос во Париз и да го убеди Кимпембе да се пресели на „Стемфорд бриџ“.

Рамос и Маркињос се очекува да бидат првиот стоперски избор на Маурисио Покетино, а Челси е подготвен да плати 30 милиони евра за да го доведе Преснел Кимпембе во Лондон.

Тој има договор со Пари Сен Жермен до јуни 2024 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови